Нов наслов во светот на книгите „Нормални луѓе“ од Сали Руни

НОРМАЛНИ ЛУЃЕ е роман за моќта на привлекувањето, за пријателството и за љубовта помеѓу луѓето.
Приказната започнува од првиот разговор до годините што следуваат преку животот на две лица, Конел и Мариан, кои се обидуваат да останат независни, но тоа никако не им успева.

БЕСТСЕЛЕР НА ЊУЈОРК ТАЈМС – „Феноменален роман за трансформативната моќ на врските“ (Пипл) од авторот на РАЗГОВОРИ СО ПРИЈАТЕЛИ, „виртуоз на пишувањето и приказна со одличен книжевен заплет“ (Џ. Кортни Саливан).

Конел и Мариан пораснаа во истиот мал град, но сличностите завршуваат тука. На училиште, Конел е популарeн и сакан, додека Мариан е осамена. Но, кога двајцата се запознаваат, ќе започнат врска што ќе им го смени животот.
Една година подоцна, двајцата студираат на колеџот Тринити во Даблин. Сега ситуацијата е обратна, Мариан е една од најпопуларните девојки на колеџот, додека Конел живее на маргините, срамежлив и несигурен. За време на студентските денови, Мариан и Конел постојано се среќаваат, тие се во врска со други луѓе, но постојано се привлечени еден кон друг како со магнет. И, додека таа се препушта на самоуништувањето, тој започнува да бара друго значење на животот, двајцата мора да се соочат со тоа колку се подготвени и до каде може да оди едниот за да го спаси другиот.

ДЕСЕТ НАЈДОБРИ КНИГИ НА ГОДИНАТА — Пипл, Слејт, Њујорк паблик лајбри, Харвард Крисм
НАЈДОБРИ КНИГИ НА ГОДИНА — Њујорк тајмс, Њујорк тајмс бук ревју, O: Опра магазин, Тајм, НПР, Вашингтон пост, Вог, Есквајр, Гламур, Ел, Мари Клер, Вокс, Париз ревју, Гуд хаускипинг, Таун и кантри

Промоција на „Моето патување во Фантазија“

11/06/2020

Нов наслов во светот на книгите „Животната приказна на Цилка“ од Хедер Морис

11/06/2020