Биографија

Фотографија од авторот

Сашо Димоски

Иако на прагот на своите триесетти, авторскиот опус на Димоски е сериозно обемен и ги вкучува публикациите: „Дневникот на Хулиганот“ (Култура, 2014), кој стана национален бренд преку неговото мулитмедијално презентирање во јавноста, „Алма Малер“ (Култура, 2014) – роман кој доби и своја сценска адаптација во Македонскиот Народен Театар и кој ќе биде прв македонски роман објавен од престижниот светски идзавач „Dalkey Archive Press“ за американски пазар, а добива и свое српско издание за „Лагуна“; потоа книгата собрани драми „Ние, Другите“ (Култура, 2015) во кои се поместени драмските текстови „Федра“, „Медеја“ и „Ана Комнена“ (трите текстови се праизведени), романот „Петтото годишно време“ (Култура, 2015), со поднаслов „Вовед во историјата на Третиот пол“ за кој го добива престижното „Рациново признание“ и зa кој го добива вториот договор за издавање пред американската книжевна јавност, повторно за Dalkey Archive Press. „Заспаните убавици“, со поднаслов „Втор вовед во историјата на Третиот пол“, е негова петта книга. Негови раскази се поместени во списанието „Рукописи“ (2011, Панчево), како и во „Антологија на македонскиот расказ“ во издание на Dalkey Archive за американскиот пазар.