Регистрирајте се во нашиот Клуб на читатели!

Со регистрација во нашиот Клуб на читатели добивате автоматски 10% членски попуст* на целиот асортиман на веб-сајтот на Култура! Регистрирајте се уште денес и веднаш започнете со пазарење по пониски цени.

* Членскиот попуст не се пресметува на изданијата кои не се подложни на никакви намалувања (стручната литература во која се вбројуваат лектири, учебници, прирачници и одредени други наслови), ниту на продукти што веќе се на попуст во рамките на некоја акција.

Како се станува член на Клубот на читатели?

Многу едноставно! Кликнете на „Клуб на читатели“ во менито на веб-сајтот и пополнете ги бараните информации за креирање корисничка сметка. При секоја најава, членскиот попуст автоматски ќе Ви се пресметува.

Забелешка: Култура имплементираше нов систем на Клуб на читатели. Сите оние кои претходно се пријавувавте во клубот преку формулар за контакт и добивавте купони за попуст на Вашата е-пошта, Ве информираме дека купоните повеќе не важат. Единствено е потребно да се најавите на Вашата корисничка сметка или, доколку сѐ уште немате, да креирате нова. По најавата, сите продукти што се квалификуваат за 10% членски попуст ќе Ви се прикажат по намалени цени.

Дали нудите 10% членски попуст во книжарница?

Да! Појдете во книжарницата Култура лоцирана во Ристиќева палата на плоштад „Македонија“ во Скопје и побарајте членска картичка од нашите продавачи. Со неа добивате 10% членски попуст на изданијата на Култура при пазарење во книжарница.

За нашите редовни и лојални клиенти, членскиот попуст во книжарницата Култура може да достигне до 20%! Информирајте се повеќе кај нашите продавачи.