Cook
Image is not available
Која книга ќе ја читате следна?
Внесете го насловот на книгата што Ве интересира.

Книжарница Култура

Книжарницата Култура се наоѓа во срцето на градот Скопје, лоцирана е во Ристиќева палата на плоштад Македонија. Книжарницата Култура е првата книжарница во повоена Македонија, по основањето на книгоиздателството Култура во 1945 година. Според архивските записи, со кои располага ИП Култура, книжарницата е во сопственост на Култура од 1958 година и вистински куриозитет е што книжарницата останува на истата локација и со истата дејност повеќе од половина век. Генерациите на книжари, уредници, директори кои работниот век го посветиле на Култура, читателите и собирот на сите книгољупци и денес се главните „виновници“ за опстојувањето на најстарата книжарница. Покрај изданијата на Култура во книжарницата Култура може да најдете четива за сечиј вкус, дел од стручна литература, историски и фактографски изданија, белетристика и литература за деца. Повелете во светот на книгите – посетете нѐ од понеделник до петок во работното време од 9 до 17 часот!