Издавачка куќа КУЛТУРА

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА И ПОНАТАМУ!

Издавачката куќа КУЛТУРА

Формирана е во 1945 година и денес со гордост може да се каже дека претставува бренд во издаваштвото во Македонија. Опстојува долги години во издавачка дејност, почнувајќи од своите скромни почетоци кон средината од минатиот век, па сè до влезот во новиот милениум, Култура објавувала и објавува книги од сите видови жанрови. Затоа, денес, Култура продолжува да чекори по добропрепознатливата насока во издаваштвото, трудејќи се да остане што е можно повеќе во чекор со современите трендови во светското издаваштво, да ги следи актуелностите во издавачката индустријата, и да излезе во пресрет на потребите на современите читатели. Години наназад со изданијата на Култура се оформиле и просветлиле безброј генерации – па затоа Ви препорачуваме истото да го направите и Вие.

Култура ја има и најрепрезентативната книжарница во Македонија, која се наоѓа во центарот на сите збиднувања, на плоштадот Македонија во Ристиќевата палата, каде секој љубител на пишаниот збор е топло добредојден да ја посети и почувствува пријатната атмосфера која владее таму, како и топлината која произлегува од секоја полица или книга, нескромно наметнувајќи се на нејзините верни читатели.

Преку 5000 издадени книги
Книжарница во центарот на Скопје
75+ години традиција

Галерија

Нашиот тим

Ана Костовска
Менаџер
тел: +389 2 3111 332
Гордана Војнеска
Уредник
тел: +389 2 3111 332
Билјана Трајкова
Продажба
тел: +389 2 3296 763
моб: +389 78 649 168
Редакција
тел. +389 2 3111 332
Администрација и финансии
тел: +389 2 3111 332
Книжарница Култура
тел: +389 2 3296 763