Условите за користење беа последен пат ажурирани на 08/11/2024

1. Вовед

Овие Услови за користење се применуваат на овој веб-сајт и на трансакциите поврзани со нашите продукти и услуги. Може да бидете обврзани со дополнителни договори што се однесуваат на Вашата поврзаност со нас или со други продукти и услуги што ги добивате од нас. Доколку некои одредби од дополнителните договори се во конфликт со некои прописи од овие Услови, прописите на тие дополнителни договори ќе претегнат и бидат во сила.

2. Обврска

Со регистрирање, пристапување или на друг начин користење на овој веб-сајт, Вие се согласувате да бидете обврзани со овие Услови за користење наведени во продолжение. Самото користење на овој веб-сајт подразбира знаење и прифаќање на овие Услови за користење. Во некои посебни случаи, можеме да побараме и експлицитна согласност од Вас.

3. Електронска комуникација

Со користење на овој веб-сајт или со комуницирање со нас по електронски пат, Вие се согласувате и потврдувате дека можеме да комуницираме со Вас електронски на нашиот веб-сајт или со испраќање електронска пошта до Вас, и се согласувате дека сите договори, известувања, откритија и други комуникации што Ви ги обезбедуваме електронски ги задоволуваат сите законски побарувања, вклучително, но не ограничувајќи се на, барањето дека таквите комуникации треба да бидат во писмена форма.

4. Интелектуална сопственост

Ние или нашите даватели на лиценци ги поседуваме и контролираме сите авторски права и други права на интелектуална сопственост на веб-сајтот и податоците, информациите и другите ресурси прикажани или достапни во рамките на веб-сајтот.

4.1 Сите права се задржани

Доколку конкретна содржина не налага поинаку, не Ви се дава лиценца или кое било друго право под авторски права, трговска марка, патент или други права на интелектуална сопственост. Ова значи дека нема да ги користите, копирате, репродуцирате, изведувате, прикажувате, дистрибуирате, вградувате во кој било електронски медиум, менувате, применувате обратен инженеринг, декомпилирате, префрлувате, преземате, емитувате, монетизирате, продавате, огласувате или комерцијализирате кои било ресурси на овој веб-сајт во која било форма, без наша претходна писмена дозвола, освен и само ако не е поинаку наведено во прописите на законот (како што е правото на цитат).

5. Електронски билтен

И покрај горенаведеното, можете да го проследите нашиот електронски билтен во електронска форма на други што може да бидат заинтересирани да го посетат нашиот веб-сајт.

6. Сопственост на трети страни

Нашиот веб-сајт може да содржи хиперврски или други референци до веб-сајтови на трети страни. Ние не ја следиме или оценуваме содржината на веб-сајтовите на трети страни до кои постои врска од овој веб-сајт. Продуктите и услугите што ги нудат други веб-сајтови подлежат на соодветните правила и услови на тие трети страни. Изразените мислења или материјалите што се појавуваат на тие веб-сајтови не нужно ги делиме или поддржуваме и ние.

Нема да бидеме одговорни за какви било практики во врска со приватноста или содржините на тие сајтови. Вие ги сносите сите ризици поврзани со користењето на тие веб-сајтови и сите поврзани услуги на трети страни. Не прифаќаме никаква одговорност за каква било загуба или штета на кој било начин, како и да е предизвикана, што произлегува од Вашето откривање на трети страни на Вашите лични податоци.

7. Одговорно користење

Со посетувањето на нашиот веб-сајт, Вие се согласувате да го користите истиот само за предвидените цели и согласно дозволеното со овие Услови за користење, кои било други дополнителни договори со нас и важечките закони, прописи и општо прифатените онлајн практики и упатства во индустријата. Не смеете да го користите нашиот веб-сајт или услуги за да користите, објавувате или дистрибуирате каков било материјал што се состои (или има врска до) малициозен компјутерски софтвер; да користите податоци собрани од нашиот веб-сајт за каква било активност со директен маркетинг, или да спроведувате какви било систематски или автоматизирани активности за собирање на податоци на или во врска со нашиот веб-сајт.

Строго е забрането вклучување во каква било активност што предизвикува, или може да предизвика, оштетување на веб-сајтот или што ги попречува перформансите, достапноста и пристапноста на веб-сајтот.

8. Регистрација

Ви нудиме можност да регистрирате корисничка сметка на нашиот веб-сајт. Во текот на овој процес, може да биде потребно да изберете лозинка. Вие сте одговорни за одржувањето на доверливоста на лозинките и информациите за корисничката сметка и се согласувате да не ги споделувате со други лица Вашите лозинки, информации за корисничката сметка или сигурен пристап до нашиот веб-сајт или услуги. Не смеете да му дозволите на кое било друго лице да ја користи Вашата корисничка сметка за пристап на веб-сајтот бидејќи Вие сте одговорни за сите активности што ќе се случат преку користењето на Вашите лозинки или кориснички сметки. Морате веднаш да нѐ известите доколку станете свесни за какво било откривање на Вашата лозинка.

Доколку дојде до терминација на Вашата корисничка сметка поради прекршување на овие Услови за користење, нема да се обидете да регистрирате нова корисничка сметка без наша дозвола.

Сите нарачки се конечни и нерефундабилни, без разлика дали нарачките се пласирани со или без регистрација на корисничка сметка на нашиот веб-сајт. Сепак, го задржуваме дискреционото право во одредени случаи да рефундираме парични средства. Во таков случај, повратот на парите нема да се реализира сѐ додека не ги добиеме назад продуктите или додека не доставите доказ дека сте ги испратиле назад продуктите, што и да направите најрано.

9. Поднесување идеја

Не ни доставувајте какви било идеи, изуми, авторски дела или други информации што може да се сметаат Ваша интелектуална сопственост што би сакале да ни ги презентирате доколку претходно не сме потпишале договор во врска со интелектуалната сопственост или договор за доверливост на податоците. Ако ни откриете нешто во отсуство на таков писмен договор, Вие ни давате светски применлива, неотповиклива, неексклузивна, бесплатна лиценца за користење, репродуцирање, чување, адаптирање, објавување, преведување и дистрибуирање на Вашата содржина во кои било постојни или идни медиуми.

10. Терминација на користење

Можеме, по наша дискреција, во секое време да го измениме или привремено или трајно да го прекинеме пристапот до веб-сајтот или која било услуга на него. Вие се согласувате дека не сносиме одговорност кон Вас или кон која било трета страна за каква било ваква модификација, привремено запирање или целосно прекинување на Вашиот пристап до, или користење на, веб-сајтот или каква било содржина што можеби сте ја споделиле на веб-сајтот. Нема да имате право на каква било компензација или друга исплата, дури и ако одредени функционалности, поставки и/или друга содржина за која сте дале придонес или на која сте се потпирале, се трајно изгубени. Не смеете да ги заобиколувате или да се обидете да ги заобиколите мерките за ограничување на пристап на нашиот веб-сајт.

11. Гаранции и одговорност

Ништо во оваа секција нема да ограничи или исклучи каква било гаранција имплицирана со закон што би било незаконски да се ограничи или исклучи. Овој веб-сајт и сите содржини на веб-сајтот се ставени на располагање на принципот „како што е“ или „како што е достапно“ и може да содржат неточности или печатни грешки. Изречно ги отфрламе сите гаранции од каков било вид, било изречени или имплицирани, во врска со достапноста, точноста или комплетноста на содржината. Не даваме никаква гаранција дека:

  • овој веб-сајт или нашите продукти или услуги ќе ги задоволат Вашите барања;
  • овој веб-сајт ќе биде достапен без прекини, навремено, безбедно или без грешки;
  • квалитетот на кои било продукти или услуги купени или набавени од Вас преку овој веб-сајт ќе ги задоволи Вашите очекувања.

Ништо на овој веб-сајт не претставува ниту има за цел да претставува, каков било правен, финансиски или медицински совет. Ако Ви е потребен совет, треба да консултирате соодветно стручно лице.

Следните одредби од оваа секција ќе се применуваат во максимален обем дозволен со надлежниот закон и нема да ја ограничи или исклучи нашата одговорност во врска со која било работа што би било незаконски да ја ограничиме или исклучиме нашата одговорност. Во ниеден случај нема да бидеме одговорни за каква било директна или индиректна штета (вклучително каква било штета од загуба на профит или приход, губење или оштетување на податоци, софтвер или бази на податоци, или губење или оштетување на имот или податоци) претрпена од Вас или од трета страна, што произлегува од Вашиот пристап до, или користење на, нашиот веб-сајт.

Освен во обем изречно пропишан инаку со дополнителен договор, нашата максимална одговорност кон Вас за сите штети што произлегуваат од или се поврзани со веб-сајтот или кои било продукти и услуги огласени или продавани преку веб-сајтот, без оглед на формата на правната постапка што налага одговорност (било во договор, капитал, небрежност, намерно однесување, деликт или на друг начин), ќе биде ограничена на вкупната цена што сте ја платиле на нас за купување на такви продукти или услуги или користење на веб-сајтот. Ваквото ограничување ќе важи севкупно за сите Ваши побарувања, дејствија или причини за дејствија од секој вид и природа.

12. Приватност

За да пристапите до нашиот веб-сајт и/или услуги, може да биде потребно да обезбедите одредени информации за Вас во рамките на процесот на регистрација. Вие се согласувате дека сите информации што ги давате секогаш ќе бидат веродостојни, точни и ажурирани.

Ние сериосно ги сфаќаме Вашите лични податоци и сме посветени на заштита на Вашата приватност. Нема да ја користиме Вашата адреса на електронска пошта за непобарани пораки. Сите електронски пораки испратени од нас до Вас ќе бидат само во врска со обезбедувањето на договорените продукти или услуги.

Развивме политика во која се осврнуваме на сите евентуални проблеми со приватноста со кои би можеле да се соочите. За повеќе информации, ве молиме погледнете ги нашата Политика за приватност и нашата Политика за користење на колачиња.

13. Ограничувања за извоз / Законска усогласеност

Забранет е пристап до веб-сајтот од територии или земји каде што се сметаат за нелегални содржината или купувањето на продуктите или услугите што се продаваат на веб-сајтот. Не смеете да го користите овој веб-сајт спротивно на законите и прописите за извоз на Северна Македонија.

14. Отстапување

Не можете да отстапувате, пренесувате или поддоговарате кои било од Вашите права и/или обврски според овие Услови за користење, во целост или делумно, со која било трета страна без наша претходна писмена согласност. Секое наводно отстапување спротивно на оваа секција ќе се смета за ништовно.

15. Прекршување на овие Услови за користење

Не доведувајќи ги во прашање нашите други права под овие Услови за користење, доколку на кој било начин ги прекришите овие Услови за користење, можеме да преземеме такво дејствие што сметаме дека е соодветно за справување со повредата, вклучително привремено или трајно одземање на Вашиот пристап до веб-сајтот, контактирање на Вашиот интернет-провајдер со барање да Ви го блокираат пристапот до веб-сајтот, и/или поведување правна постапка против Вас.

16. Виша сила

Со исклучок на обврските за плаќање во пари наведени подолу, никакво одложување, потфрлување или непостапување од која било страна да ги исполни или испочитува своите обврски подолу нема да се смета за прекршување на овие Услови за користење доколку и сѐ додека таквото одложување, потфрлување или непостапување произлегува од која било причина вон разумна контрола на таа страна.

17. Обесштетување

Вие се согласувате дека ќе нѐ обесштетите, браните и целосно поштедите од сите побарувања, обврски, штети, загуби и трошоци, во врска со Вашето прекршување на овие Услови за користење и соодветните закони, вклучително правата на интелектуална сопственост и правата на приватност. Веднаш ќе ни ги надоместите сите претрпени штети, загуби, трошоци и издатоци во врска со или што произлегуваат од такви побарувања.

18. Откажување од права или побарувања

Неспроведувањето на која било од одредбите утврдени во овие Услови за користење и кој било договор, или неизвршувањето на која било опција за раскинување, нема да се смета за откажување од таквата одредба и нема да има влијание врз валидноста на овие Услови за користење или на кој било договор или кој било дел од него, или правото потоа да се спроведе секоја одредба.

19. Јазик

Овие Услови за користење ќе бидат толкувани исклучиво на македонски. Сите известувања и преписки ќе бидат напишани исклучиво на тој јазик.

20. Целиот договор

Овие Услови за користење, заедно во нашата Политика за приватност и Политика за користење на колачиња, го сочинуваат целиот договор помеѓу Вас и КУЛТУРА А.Д. Скопје во врска со Вашето користење на веб-сајтот.

21. Ажурирање на овие Услови за користење

Можеме, одвреме-навреме, да ги ажурираме овие Услови за користење. Ваша обврска е периодично да ги проверувате овие Услови за користење за евентуални измени или дополнувања. Датумот даден на почетокот на овие Услови за користење е датумот на последната ревизија. Промените на овие Услови за користење ќе стапат во сила штом бидат објавени на овој веб-сајт. Вашето континуирано користење на овој веб-сајт по објавувањето на измени или дополнувања ќе се смета за известување за Вашето прифаќање да се придржувате до и да бидете обврзани со овие Услови за користење.

22. Избор на право и јурисдикција

Овие Услови за користење ќе бидат регулирани согласно законите на Северна Македонија. За сите спорови поврзани со овие Услови за користење ќе бидат надлежни судовите на Северна Македонија. Ако суд или надлежен орган утврди дека кои било делови или одредби од овие Услови за користење се неважечки и/или неспроведливи според апликативниот закон, таквите делови или одредби ќе бидат изменети, избришани и/или спроведени во максимално дозволениот обем за да се оствари намерата на овие Услови за користење. Тоа нема да влијае врз другите одредби.

23. Информации за контакт

Овој веб-сајт е во сопственост на и управуван од КУЛТУРА А.Д. Скопје.

Можете да нѐ контактирате во врска со овие Услови за користење со допис по пошта или со е-порака на следната адреса: info@kultura.com.mk
ул. „Даме Груев“ бр. 3, 1000 Скопје

24. Преземете го документот

Исто така, можете да ги преземете нашите Услови за користење како PDF документ.