Кои права ги имате над Вашите лични податоци

Накратко. Имате право да побарате од страна на контролорот КУЛТУРА А.Д. Скопје пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на Вас, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците. Исто така, имате право да побарате повлекување на согласноста во секое време. За дополнителни информации во врска со и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, консултирајте ја нашата Политика за приватност.

Ако сметате дека начинот на кој КУЛТУРА А.Д. Скопје ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, Ве молиме контактирајте нѐ и укажете ни доколку забележите евентуален пропуст од наша страна или споделете ги со нас Вашите сугестии, забелешки и коментари, но исто така можете да поднесете и барање односно поплака до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело.

Пристап до/бришење на Вашите лични податоци на веб-сајтот

Доколку имате корисничка сметка на овој веб-сајт односно сте член на нашиот Клуб на читатели, користејќи го фомуларот подолу, можете да побарате да добиете експортирана датотека со личните податоци што ги имаме за Вас, вклучително кои било податоци што сте ни ги доставиле и, евентуално, потоа да ги пренесете во целост кај друг контролор. Исто така, можете да побарате да ги избришеме личните податоци што ги имаме за Вас. Тоа не ги вклучува податоците што сме должни да ги чуваме за административни, правни или безбедносни цели.

Исправка на личните податоци што ги имаме за Вас можете да направите во секое време, самостојно, со најавување на Вашата корисничката сметка на веб-сајтот. Правото на повлекување на согласноста за обработка на личните податоци што ги имаме за Вас можете да го остварите со поднесување на барање за бришење на Вашите лични податоци на веб-сајтот и така што ќе престанете да ги користите нашите продукти и услуги. Не заборавајте да се испишете и од нашата мејлинг листа ако сте се регистрирале за добивање е-билтен од нас.

На оваа страница фокусот е ставен на остварувањето на правото за пристап до и бришење на личните податоци. Ве молиме имајте предвид дека бришењето на личните податоци е конечно и неповратно. Продолжете внимателно со користење на алатката во прилог!

Изберете го Вашето барање: