Биографија

Фотографија од авторот

Наташа Стоилкова

Наташа Стоилкова е дипломиран професор по македонски јазик и литература.
Дипломирала на Филолошкиот факултет„Блаже Конески“ во Скопје. Пишува
поезија и проза. Автор е на книгите: „Емоционална катарза“ и „Разновидни
мисли“, двете во издание на успешната и прва македонска издавачка куќа
„Култура“. Работи како професор по македонски јазик и литература во основ-
ното училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица, општина Босилово -
Струмица и подготвува повеќе ракописи за печатење.
Во текот на нејзиниот десетгодишен работен стаж како ментор на ученици до –
битник е на бројни награди, пофалници и признанија. Во 2011 година учеству-
ваше како ментор на општинско - регионалниот литературен конкурс на тема:
„Борете се за детските права“, организиран од општинската установа Дом за
деца и млади „Благој Мучето“ – Струмица и има освоено посебна награда во
проза. Извадок од овој текст награден со посебна награда во проза беше обја –
вен во списанието „Наш свет“ број 8, во ноември, 2011 година. Има добиено
Сертификат за учество на обуката „Унапредување на медиумската писменост
во образованието во Македонија“, а поседува и меѓународен Сертификат за
обуката „Меѓусебно разбирање во образовниот процес“. Во ноември, 2018
година, во рамките на манифестацијата „Средби под јаворите – Видое
Подгорец“ се стекна со Сертификат од Факултетот за образовни науки при
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за учество во советување на тема:
„Употребната вредност на литературата за деца во списанијата: Росица,
Другарче, Развигор и Наш свет во воспитно – образовниот процес“. Во
март, 2019 година, за книгата „Емоционална катарза“ доби меѓународна
благодарница и признание за промовирање и афирмирање на македонскиот
јазик и литература во светот од Македонското литературно друштво и
библиотека „Ванчо Николески“ од Квинбијан – Австралија.
Во април, 2019 година, по повод одбележувањето на Светскиот ден за безбед -
ност и здравје при работа, учествуваше во проектот одобрен од Министерс -
твото за образование и наука на тема: „Безбедност и здравје при работа“ како
член од комисијата која ги оценуваше литературните творби.
Во јуни, 2019 година, се стекна со Сертификат од Педагошки факултет „Св.
Климент Охридски“ при УКИМ – Скопје за учество во советување на тема:
„Библиотеката – темел на писменоста“.
Во јули, на 13.07.2019 година, на годишнината од Македонска радио програма
на австралиското радио 2XX 98,3 FM од Канбера – Австралија за книгата
„Емоционална катарза“ доби благодарница и признание за беспрекорна
поткрепа во развивање на македонскиот литературен јазик на македонската
радио програма.