Наташа Стоилкова е дипломиран професор по македонски јазик и литература. Пишува поезија и проза. Ова е нејзина прва стихозбирка, а има напишано и два необјавени романи и збирка есеи.
„…Триесетте поетски записи во книгата Емоционална катарза јасно укажуваат на стамено и прецизно авторско писмо кое во иднина сигурно ќе има да каже многу повеќе отколку на овој стихуван почеток. Секоја поезија, па и оваа на Наташа Стоилкова, ја добива својата поголема смисла кога се чита во осама и гласно. Овие песни имаат што да кажат. Пробајте, барем за миг, гласно да ги почувствувате.“
Сашо Димоски