Дојде време да го обновам познанството со Конески, исто онака како што Конески го обновувал познанството, прво со Марко Цепенков, па со Јоаким Крчовски и најнакрај, со Тиквешкиот зборник, сѐ со една единствена цел – да ја спушти границата на македонската приказна, или очудувачки да се сретне со првообрасците на македонскиот расказ, во вистинска смисла на зборот, и да го оддели од другите форми, имено, да ја оддели приказната – онаа народната…
…лингвистот го набљудува во јазикот и она што увото не го слуша, а го лови на подлабоко рамниште, на побогато созвучје, а филологот се загледува во тајните на текстот што обичниот читател не ги вчитува, а ги осознава на националниот фон на литературата.
Димитар Пандев