Биографија

Фотографија од авторот

Ана Стојаноска

Д-р Ана Стојаноска, театролог, писателка, професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Дипломирала на отсекот за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (2001). Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала (2003) и докторирала (2007).
Работела како истражувач-координатор во Институтот за театрологија при ФДУ – Скопје, од 2002 г.
Учествува на многу симпозиуми, научни трибини и работилници од областа на театрологијата, компаративната книжевност и културологијата. Одржала повеќе јавни предавања од областа на театрологијата.
Авторка е на книгите: Јас и Лин, отпосле (роман, прво издание, Блесок, /2016/; второ издание, Култура /2019/; за која ја доби наградата Рациново признание, /2017/ и беше финалист за наградата Роман на годината); Димитар Ќостаров – Реалистичката поетика и естетика на еден режисер (монографија, ФДУ, 2014) и Македонски постмодерен театар (монографија, ФДУ, 2006). Приредувач е на книгите: Драми од Дејан Дуковски (Проартс, 2002) и Современа македонска драма (Микена, 2008). Авторка е на деведесет студии и
есеи објавувани во македонската и странската периодика, како и коавтор на неколку театарски монографии. Исто така, е дел од авторскиот тим на Поимникот на книжевната теорија (МАНУ, 2007). Коавторка е на повеќе театролошки монографии.
Во 2019 г. стана член на Друштвото на писателите на Македонија.
Пишува постојано, не сакајќи да се „вкалапува“ во ниту еден жанр (научен или книжевен), затоа пишува и проза и поезија и драмски текстови. Нејзината монодрама Стаклен лампион е праизведена како радиодрама, во продукција на Театра – Скопје, (2013).