Биографија

Фотографија од авторот

Хедер Морис

Хедер Морис е родена во Нов Зеланд, а сега живее во Австралија. Неколку години, додека работела во една голема болница во Мелбурн, учела и пишувала сценарија, од кои едно беше номинирано за Оскар за најдобро сценарио во Америка. Во 2003 година, Хедер се запознала со еден повозрасен господин што имал приказна ’вредна за кажување‘. Денот кога се запознала со Лале Соколов ги сменил животите и на двајцата. Нивното пријателство се зацврстувало, а Лале го започна својот пат на самооценување, доверувајќи ги најдлабоките детали за својот живот за време на холокаустот. Хедер најпрвин ја напишала приказната на Лале како сценарио што се рангира високо на меѓународните натпревари, пред да го преобликува во нејзиниот дебитантски роман Тетовирачот од Аушвиц.