Задна корица
Види внатре

Италијанската ќерка

490 ден.

Има залиха

Со нас добиваш повеќе! Регистрирај се во клубот на читатели на нашиот сајт и добиј 10% Cashback (поврат на средства) како Shopping Points (поени за пазарење) што можеш да ги искористиш за идни пазарења на сајтот.
Купи ја оваа книга и добиј 49 поени!

Неверојатно волшебен и трогателен роман за изгубена љубов, семејни тајни и истрајна надеж.

Есте отсекогаш веруваше дека животот ќе го помине со љубовта од нејзиното детство, Феликс. Но, кога нејзиниот неверојатен талент за танц ќе овозможи да се пресели во поголем град и да се грижи за нејзината мајка, таа знаеше дека мора да ја жртвува својата среќа за иднината на нејзиното семејство и шансата за подобар живот.

Но, години подоцна, во град со повеќе од милион жители, Феликс ја пронаоѓа Есте. Должен да се венча со ќерката од едно истакнато семејство, тој е подготвен да жртвува сè за да биде со љубовта на неговиот живот. Но, Есте знае дека поддршката од неговото семејство и средствата за живејачка може засекогаш да ги загуби доколку таа каже „да“. Дали таа може навистина да си го следи срцето, ако тоа значи дека тој ќе изгуби сè?

Лондон во сегашноста, Лили држи избледен лист хартија во рацете, знаејќи дека нејзиниот живот никогаш повторно нема да биде ист. Додека тагува по нејзиниот покоен татко, нејзе е кажано декa нејзината баба била родена во дом, а единствените траги што водат до нејзиното минато се состојат од рачноиспишан италијански рецепт и стар леток од театар. Очајна за одговори, Лили прифаќа работа во италијанска винарија – сон за кој мечтаел и татко ѝ. Лили добива топло добредојде од шармантниот син на сопственикот, Антонио, и додека тие разговараат во текот на ноќта, Антонио ѝ нуди помош да го открие потеклото нa нејзиното семејство.

Но, кога пристигнуваат во селото на Есте и Феликс, Лили открива трагична љубовна приказна што има моќ да ја промени нејзината иднина. Додека ја открива вистината за нејзиното наследство, таа почнува да се вљубува во Италија и во Антонио.

Дали Лили може да се откаже од сè што некогаш знаела и одново да го изгради својот живот, или пак ризикот од скршено срце ќе ја примора да се врати дома?

ISBN

978-608-262-207-1

Година на издавање

2025

Страници

332

ISBN

978-608-262-207-1

Година на издавање

2025

Страници

332

Автор

Сораја Лејн

Издавач

Култура