Задна корица
Види внатре

Желбите не ги пишуваат романите

300 ден.

Има залиха

Пронајди ја твојата нова љубов меѓу повеќе од 140 книги на 25% намаление! Попустот трае од 7 до 14 февруари 2025 година и е достапен во книжарниците на Култура во Скопје, како и на нашиот сајт.
Со нас добиваш повеќе! Регистрирај се во клубот на читатели на нашиот сајт и добиј 10% Cashback (поврат на средства) како Shopping Points (поени за пазарење) што можеш да ги искористиш за идни пазарења на сајтот.
Купи ја оваа книга и добиј 30 поени!

Романот „Желбите не ги пишуваат романите“ е емотивна приказна за две жени: Калина и Елена приближно на исти години со кои животот сурово се поиграл и ги натерал да се соочат со вистината дека животот е борба, затоа собираат храброст и судбината ја земаат во свои раце… Калина ќе ја испрати ќерката Илина на школување во Америка. Нивната разделба е болна, но има цел…

Елена, длабоко разочарана во љубота заминува на дошколување во Америка, оставајќи ги зад себе своите најмили. Со упорна работа постигнува голем успех на професионален, но не и на приватен план. Нејзиниот брак се распаѓа, а таа во туѓина останува сама…

***

Годинава славам голем јубилеј. Се навршуваат 50 години (1969-2019) откако сум дојдена од Косово во Македонија, со цел да го продолжам моето образование. Со стекнав со факултетска дипломата, но назад не се вратив. Останав тука, во Скопје, се вработив, формирав семејство, станав баба, дочекав пензија, напишав петнаесет романи… Животот ми беше целосно исполнет, за ништо не жалам и ништо не би менувала. Сега е дојдено времето да уживам во плодовите од мојот труд.

Додека ги пишувам овие редови се просетив дека, ако не живеевме во заедничката држава Југославија, и мојата „карта“ ќе беше карта за во еден правец како онаа на Елена, Илина и на илјадници други…

ISBN

978-608-262-004-6

Страници

218

Година на издавање

2019

ISBN

978-608-262-004-6

Страници

218

Година на издавање

2019

Автор

Милијана Павловска