Ова е твоја борба и ти мора да победиш.
Никој не може да ти помогне.
Уморен си од слушање туѓи приказни, сакаш своја приказна.
Пропаднат во сопствената црна дупка, забораваш како изгледа светлината.
Твојот часовник стои, како да си претворен во лед.
А сакаш цветови.
Сакаш бои.
Сакаш шаренило.
Не ти останува ништо друго, освен да создадеш свој свет.
Насликај го.
Насликај и цветови.
Направи го шарен твојот свет.
Тогаш, испружи се врз цветовите и помирисај ги.
Длабоко земи воздух и набљудувај.
Некогаш треба да бидеш набљудувач на сопствениот живот, за да сфатиш дека само тоа и си бил цело време.
А потоа ќе се засрамиш и засекогаш ќе се измениш.
Формат | 13,5 х 20 см. |
---|---|
ISBN | 978-608-262-016-9 |
Страници | 206 |
Година на издавање | 2019 |
Автор |
Ксенија Николова |
Издавач |
Култура |