Љубовта на Ивана и Ведран започна како во бајките… Колнењето на двајцата на вечна љубов беше само желба. Ведран не издржа… Животот на Ивана стана пекол: изневерени чувства, развод, солзи, копнеж… Секој од нив тргна по свој пат за на крај сè да заврши вака:
– Може ли сега пред сите да те поканам на еден валцер? – ја праша Ведран. – Првпат валцерот го танцувавме на нашата веридба и сега кога ПОВТОРНО СЕ СРЕТНАВМЕ да го танцуваме на веридбата на нашите деца.
– Со задоволство – му возврати Ивана и стана.