Сè е непознато. Дури и за Роберт Лангдон. Прашања има многу. Одговори – сè помалку.
Кога реномираната научничка Кетрин Соломон исчезнува без трага од хотелската соба во Прага, светот на Роберт Лангдон се распаѓа.
Далеку од дома и надвор од својата зона на удобност, тој е принуден да тргне во очајничка трка со времето, соочен со непознати сили и
заговор чии корени се протегаат длабоко во минатото.
Но Прага не е обичен град. Тој е лавиринт од сенки и легенди, град изграден врз тајни, каде историјата лежи закопана во слоеви,
а секој камен крие порака. Додека ја следи трагата на исчезнатата жена, Лангдон сфаќа дека и самиот е плен — прогонуван од сениште
од мрачното минато и вовлечен во мрежа од симболи, предавства и измами.
Меѓу древни замоци, високи катедрали, гробишта закопани дванаесет слоја длабоко и подземни премини што водат
кон заборавени светови, Лангдон мора да дешифрира мистерија што со векови останала скриена пред очите на светот.
Затоа што овојпат не е во прашање само еден живот.
Не е ни само една тајна.
Овојпат, влогот е иднината на човештвото.
ТАЈНАТА НАД ТАЈНИТЕ е најопасната, најинтелигентната и највозбудливата авантура
досега, каде секој симбол може да биде клуч… и секоја вистина — смртоносна.






