Задна корица
Види внатре

Херменевтика на поезијата на Анте Поповски

250 ден.

Има залиха

Пронајди ја твојата нова љубов меѓу повеќе од 140 книги на 25% намаление! Попустот трае од 7 до 14 февруари 2025 година и е достапен во книжарниците на Култура во Скопје, како и на нашиот сајт.
Со нас добиваш повеќе! Регистрирај се во клубот на читатели на нашиот сајт и добиј 10% Cashback (поврат на средства) како Shopping Points (поени за пазарење) што можеш да ги искористиш за идни пазарења на сајтот.
Купи ја оваа книга и добиј 25 поени!

Ова дело постигна сосем конкретни и опипливи резултати во доменот на литературната наука, бидејќи донесува сосем нова слика за овој важен поетски опус. Трудот успева да ги појасни клучните теориски поими, потоа да ги аплицира на конкретен текст (поетски опус), а потоа да направи раскошна интерпретација на најважните феномени, присутни како доминанти, тематеми, стилеми или марканти.

Преку длабинска и минуциозна анализа, Цветаноска успеа да изгради и да вивне кон височините пирамидален систем на симболи и архетипови. Семантичките јадра ѝ овозможија наполно точна и прецизна, нова научна слика за состојбите во овој домен. Низ деталната анализа на речиси сиот поетски опус на Поповски, таа преку анализа „на земја“ (а не во облаци), успеа да дојде до сосем конкретни и валидни резултати.

проф. д-р Кристина Николовска

Резултатот од анализата на поетското творештво на Анте Поповски се гледа во приближувањето до суштината на неговата поезија и во откривањето на некоја од скриените тајни. Цветаноска, на крајот, оди и чекор понатаму кога на досетлив и иновативен начин, преку рехерменевтиката, претставена со екфразисот, се обидува да даде и сликовно толкување на оваа поезија. Во тој процес, ги користи уметничките слики од познатите македонски сликари кои одлично се вклопуваат и го надополнуваат поетскиот текст. Тоа поврзување е отворена врата кон некоја нова и поинаква херменевтика која овде е само почетен импулс и која заслужува да биде разгледувана потемелно.

проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска

Година на издавање

2018

ISBN

978-9989-32-917-3

Страници

296

Година на издавање

2018

ISBN

978-9989-32-917-3

Страници

296

Автор

Атина Цветановска

Издавач

Култура