Ова значајно дело за македонистиката, македонската историја (како јазична, така и национална) и македонската држава, дава придонес во областа на проучувањето на врските меѓу стариот и новиот јазичен мост во македонскиот писмен јазик. Тоа донесува нови сознанија за речничкиот фонд на македонскиот јазик, како и сознанијата за врските меѓу современиот македонски јазик и старите текстови. Дава придонес и во областите на историјата на македонскиот јазик, во неговата лексикологија и лексикографијата, во нормативната граматика на македонскиот јазик, а е од значење и за соодветните проучувања во јужната славистика. Ова дело отвора широки можности за натамошни истражувања кои се поврзани со изработка на специјализираните речници на обработените ракописи, како и во подлабока граматичка обработка на Верковиќевиот апостол… како што во суштина се вели во еден од записите на нашиот апостол…
НА НАШИТЕ РОДИТЕЛИ!