Задна корица
Види внатре

Малтешката размена

590 ден.

Има залиха

Со нас добиваш повеќе! Регистрирај се во клубот на читатели на нашиот сајт и добиј 10% Cashback (поврат на средства) како Shopping Points (поени за пазарење) што можеш да ги искористиш за идни пазарења на сајтот.
Купи ја оваа книга и добиј 59 поени!

Смртоносна трка за најстарата тајна на Ватикан.

Папата е мртов. Конклавата за избор на негова замена е на прагот да започне. Кардиналите почнуваат да пристигнуваат во Ватикан, но еден од нив бега од Рим за Малта во потрага по „документот“ што датира од четвртиот век и владеењето на Константин I Велики.

Поранешниот оперативец на Министерството за правда, Котон Малоун, е на езерото Комо, Италија, во потрага по легендарните писма меѓу Винстон Черчил и Бенито Мусолини кои исчезнаа во 1945 година и кои, доколку се откријат, би можеле да го сменат текот на историјата. Но, и некој друг ги бара изгубените писма. Малоун успева да дојде до нив, но за кратко време ги губи. Фрлен во лов, го привлекува вниманието на легендарните „Малтешки витези“.

Витезите постојат повеќе од деветстотини години и се единствените кои успеале да се одржат до модерното време. Сега тие се глобална хуманитарна организација, но во нивните редови се кријат предавници, Секретите, древна секта која има намера да влијае на изборот за идниот папа. Со помош на агентот од „Одделот Магелан“, Лук Дениелс, Малоун се трка со одметнатиот кардинал и витезите за да го пронајде она што е изгубено со векови. Конечното соочување кулминира зад ѕидините на Ватикан, каде што изборот на следниот папа е неизвесен.

Година на издавање

2025

ISBN

978-608-262-210-1

Страници

552

Година на издавање

2025

ISBN

978-608-262-210-1

Страници

552

Автор

Стив Бери

Издавач

Култура