Во овој неверојатен роман поранешниот агент на Министерството за правда, Котон Мелоун, открива тајно досие со информации од Втората светска војна, информации кои, доколку се докаже дека се вистинити, не само што може да ја сменат историјата – туку може и засекогаш да ја променат политичката сцена на Европа.
Двајца кандидати се борат да станат Канцелар на Германија. Едниот кандидат е патриот кој долги години и служел на државата, а другиот е узурпатор кој го разгорува пламенот на националистичката омраза. И двајцата кријат тајни, но само едниот од нив ја знае вистината за другиот.
Сè е поврзано со настаните што се случиле за време на еден кобен ден, 30-ти април 1945 година, и она што се случило длабоко под Берлин, во бункерот на Фирерот. Дали Адолф Хитлер и Ева Браун умреле таму? Дали Мартин Борман, блискиот човек на Хитлер, некако успеал да побегне? И, што е можеби уште поважно, каде исчезнале милијардите од нацистичкото богатство за време на последните денови од војната?
Одговорите на овие прашања ќе одредат кој ќе биде следниот канцелар. Во трка со времето, патувајќи од Чиле па сè до Јужна Африка, и на крај до самите тајни трезори на Швајцарија, поранешниот агент на Министерството за правда, Котон Мелоун, мора да ја открие вистината за тоа што навистина се случило со Хитлер, Браун и Борман, откритие кое не само што може да ја трансформира Европа, туку и може конечно да ја разоткрие мистеријата позната како „Мрежата на Кајзерот“.