Задна корица
Види внатре

Исповедите на Катерина Медичи

550 ден.

Има залиха

Со нас добиваш повеќе! Регистрирај се во клубот на читатели на нашиот сајт и добиј 10% Cashback (поврат на средства) како Shopping Points (поени за пазарење) што можеш да ги искористиш за идни пазарења на сајтот.
Купи ја оваа книга и добиј 55 поени!

Вистината е дека никој не e невин. Сите ние имаме гревови.

Исповедите на Катерина Медичи е брилијантна новела за животот на една од најмоќните жени во историјата. За некои таа е Кралицата која ја воведе Франција во ерата на дивјачкото насилство. За други таа е посветен спасител на Француската монархија.

Избегнувајќи ја сигурната смрт во родната Фиренца, Катерина Медичи ја мажат на францускиот двор за Анри, синот на Франсоа I. Откако останува вдовица со 6 деца, советувана од Нострадамус, ја води неуморната битка против француското благородништво, кое ги влече конците на религиските конфликти, користејќи ја борбата меѓу католиците и хугенотите за да ја преземе француската круна.

К. В. Гортнер ликот на Катерина го претставува преку нејзина лична нарација, внесувајќи го читателот во интимниот свет на една жена која е подготвена на сè за да го заштити престолот за нејзиното семејство.

Од бајковитите замоци, сè до религиските војни и колежите по улиците на Париз, Исповедите на Катерина Медичи претставува извонредно патување низ животот на најозлогласената или погрешно разбраната жена која некогаш била кралица.

ISBN

978-608-262-090-9

Страници

445

Година на издавање

2021

ISBN

978-608-262-090-9

Страници

445

Година на издавање

2021

Автор

К. В. Гортнер

Издавач

Култура