Задна корица
Погледни внатре

Сведоштва од претседателскиот кабинет (е-книга)

Бидете внимателни што посакувате, може да стане реалност. Тоа ми се случи токму мене. Оваa книга е сведоштво за една таква судбина, хронологија на еден богат мемоарски запис за 17 години поминати во претседателскиот кабинет.
Во неа на автентичен начин се доловени расположенијата и реакциите на општеството кон различни настани, но и обратно, расположенијата и реакциите внатре во Кабинетот, моите лични доживувања.
Овие сведоштва „од прва рака“, пренесени и евоцирани од мои лични сеќавања, имаат цел да ја доловат сликата што не се гледа, онаа што е зад завесите. Се работи за уникатно сведочење, базирано на вистински настани и искуства. Една искрена порака до читателите!

„Внимавајте на вашите мисли, зaшто тие стануваат зборови.
Внимавајте на вашите зборови, тие стануваат дела.
Внимавајте на вашите дела, тие стануваат навики.
Внимавајте на вашите навики, тие го прават вашиот карактер.
Внимавајте на вашиот карактер, тој ви ја крои судбината.
Тоа што го мислиме, тоа стануваме“.
Маргарет Тачер – Железната дама

pebook_enabled

1

Автор

Дарко Костадиновски