На страниците на романот „Уште пет минути“ читателот може да се запознае со една страдална детска судбина. Главниот лик, кој е десетгодишно момче, го губи својот живот и раскажува за сите оние нешта, кои возрасните понекогаш не се свесни да ги воочат. Делото ни ја разоткрива детската психологија, детските чувства, детското толкување на светот во кој живееме.
Овој роман е книжевно дело, кое длабински ја истражува детската душа и детското размислување, нудејќи му на читателот неповторливо искуство.
Дијалозите во делото преставуваат богата и јасна слика за секоја ситуација оделно. Присутен е раскажувачки стил, кој во некои делови наликува на детска исповед.
Романот „Уште пет минути“ е силно признание за животите на сите деца во светот, за кои во денешно време сѐ помалку се обрнува внимание.
Децата се светлосна капија на човештвото, овој роман нè повикува сите нас да влеземе низ таа капија.