ПОТЕКЛО

999 ден

Има залиха

Со нас добиваш повеќе! Регистрирај се во клубот на читатели на нашиот сајт и добиј 10% Cashback (поврат на средства) како Shopping Points (поени за пазарење) што можеш да ги искористиш за идни пазарења на сајтот.
Купи ја оваа книга и добиј 100 поени!

Роберт Лангдон, професор по симбологија и религиска иконологија на „Харвард“ пристигнува во ултрамодерниот музеј „Гугенхајм“ во Билбао за да присуствува на едно многу важно соопштение – објавувањето на едно откритие кое „засекогаш ќе ја промени науката“. Домаќин на вечерта е Едмонд Кирш, четириесетгодишен милијардер и футурист чии зашеметувачки, високотехнолошки пронајдоци и смели предвидувања го направиле светски почитувана личност. Кирш, кој пред две децении бил еден од првите студенти на Лангдон на „Харвард“, само што не објавил едно неверојатно откритие…кое ќе даде одговор на двете фундаментални прашања на човековото постоење.

На почетокот на настанот, Лангдон и неколку стотици дру­ги гости се воодушевени од оригиналната презентација за која Лангдон сфаќа дека ќе биде многу поконтроверзна отколку што тој замислуваше. Но, детално испланираната вечер одеднаш се претвора во хаос, а на скапоценото откритие на Кирш му се заканува опасност да биде загубено засекогаш. Шокиран и соочен со неизбежна закана, Лангдон е принуден да избега од Билбао. Со него е и Амбра Видал, елегантната директорка на музејот, која работеше со Кирш во организирање на провокативниот настан. Заедно, тие бегаат во Барселона во опасна потрага по криптичната лозинка која ќе ја отклучи тајната на Кирш.

Додека се движат низ темните ходници на скриената историја и екстремната религија, Лангдон и Видал мораат да избегаат од непријателот чија моќ и информираност се чини дека доаѓаат директно од Кралската палата…а и дека тој нема да сопре по никоја цена додека не го спречи Едмонд Кирш. На патеката обележана со модерни уметнички дела и енигматични симболи, Лангдон и Видал откриваат знаци кои на крајот ги водат лице в лице со шокантното откритие на Кирш…и со неверојатната вистина која долго време беше скриена.