Погледни внатре

ЗАГОВОРОТ НА ТУДОРИТЕ

550 ден.

Каква судбина кралицата Мери ѝ крои на сестра си, Елизабета?
Дали Роберт Дадли сè уште се обидува да манипулира со принцезата, иако е затворен во Kулата?

 

Зимата 1554 година. Брендон Прескот е во служба на принцезата Елизабета како човек задолжен за нејзината безбедност и шпионажа. Во меѓувреме, тој открива дека во неговите вени тече крвта на Тудорите, тој е син на сестрата на Хенри VIII. Иако неговата тајна ја знаат само малкумина, тоа би можело да го доведе до опасност, бидејќи е повикан во Лондон за да ја заштити принцезата.

Придружуван од неговиот млад придружник Перегрин, тој неволно ја остава својата сакана Кејт зад себе и заминува за Лондон – но во градот открива дека никој не е она што се претставува.

 

Обидувајќи се да ги разоткрие мистериите на дворот, животот на Брендон многупати ќе биде доведен во опасност,
а по пат тој дознава повеќе информации за сопственото минато.