Задна корица
Види внатре

Небото под нас

520 ден

Има залиха

Со нас добиваш повеќе! Регистрирај се во клубот на читатели на нашиот сајт и добиј 10% Cashback (поврат на средства) како Shopping Points (поени за пазарење) што можеш да ги искористиш за идни пазарења на сајтот.
Купи ја оваа книга и добиј 52 поени!

Инспиративна приказна за авантурата, љубовта, загубата и храброста.

1927 година. Виолета Макензи-Грант започнува да го реализира својот сон за да се образува во Градинарското училиште за жени во Единбург. Таа сè уште не знае дека тоа ќе биде патување што ќе ја однесе до Катманду, на другата страна на светот, длабоко во воодушевувачки пејзажи и култури што се многу далеку од сè што дотогаш има видено.

2020 година. Дејзи Лаверок сонува да ги следи стапките на нејзината прабаба Виолета и откако ги открива нејзините изгубени дневници, во кои се обележани истражувањата за растенијата во 1930-тите ѝ даваат инспирација на Дејзи да си ја оствари својата кариера. Разведена, соочувајќи се со празно гнездо, Дејзи одлучува да го реализира патувањето на својот живот. Пристигнува во Непал, подготвена да започне со планинарење во сенката на Еверест. Но, судбината и пандемијата имаат други планови.

Изолирана и осамена, Дејзи мора да се потпре на добрината на непознати луѓе, земајќи инспирација од одлучноста и издржливоста на прабаба ѝ за да продолжи со крената глава во најтешките времиња. Откако започнува постепено да ги спојува деловите од приказната на прабаба ѝ открива долго сочувани тајни.

Дали Дејзи ќе успее да го открие патот што ќе ја доведе до сопствената иднина?

ISBN

978-608-262-206-4

Страници

332

Година на издавање

2025

ISBN

978-608-262-206-4

Страници

332

Година на издавање

2025

Автор

Фиона Валпи

Издавач

Култура