Сем беше нејзината прва љубов. Нејзиното прво сè. Вклучувајќи го и нејзиното прво скршено срце.
За време на виорниот двонеделен одмор во странство, Сем и Тејт се заљубија еден во друг, само на начин како што тоа го прават оние што се заљубуваат за првпат: споделувајќи ги сите свои надежи, соништа и најдлабоки тајни. Сем беше првата и единствена личност на која Тејт го откри својот идентитет, таа беше одамна изгубената ќерка на една од најголемите светски филмски ѕвезди. Кога стана јасно дека нејзината доверба е изневерена, нејзиниот свет се распадна засекогаш.
Но, дали засекогаш? Што ќе се случи по поминати четиринаесет години и втората средба помеѓу Сем и Тејт?