Роман полн со надеж и хумор, кој ја раскажува приказната за едногодишниот лажен брак помеѓу две лица, по лудата новогодишна ноќ кога тие за првпат кажуваат „ДА.“
Обожавана од сите, Брита е една амбициозна келнерка што работи во „Слагрс“. Популарниот бар има посебно место во нејзиното срце и е редовно место во кое доаѓаат „Бандитите“ од Бриџпорт, локалниот хокеарски тим. Бидејќи нејзиниот полубрат е дел од тимот, Брита има строго правило, да не се гледа со хокеарите. Но, еден конкретен играч е нејзина слаба точка.
Ѕверот на мразот, Самнер Мејфилд е на работ да стане професионалец во Националната хокеарска лига. Но, времето му истекува. Неговата работна виза е при крај со рокот, а единствената шанса на Самнер за да остане во Бриџпорт е да се ожени со Американка — и да добие зелена карта. Во спротивно, тој ќе мора да се врати во Канада.
Одлуките што ги имаме донесено импулсивно во животот, можеме или да ги прифатиме, или да ги заборавиме како да не постоеле.