Може ли старата куќа која се распаѓа да понуди нов живот, нова љубов и нова надеж?
Животот на Џина се претвора во кошмар: покрај неодамнешната загуба на својот татко, таа ги губи работата и нејзиното неверно момче.
И кога ќе помисли дека од ова нема враќање, Џина добива неочекувано наследство. Нејзината најсакана тетка Лиз ѝ ја остава својата прекрасна, стара куќа во срцето на Бордо, регион познат по најубавите француски вина. Таа без двоумење ја прифаќа шансата за нов почеток.
Но, токму кога почнува да се чувствува како да припаѓа во нејзиниот распаднат, но шармантен дом, таа неочекувано открива огромна тајна што ја тера да се сомнева во искреноста на личноста на која најмногу ѝ верувала. Додека таа мисли дека тоа е знак да ги спакува куферите и да се врати во Лондон, огромна бура го руши покривот, а Џина нема каде да се обрати за помош освен на шармантниот син на нејзината сосетка.
И додека грозјето се подготвува за берба, дали Џина може да го најде својот пат до прошката и дали конечно е време таа повторно да го отвори своето срце за новата љубов?