Погледни внатре

Големи лаги во мал град

300 ден.

Има залиха

Категории: , ,

Чејмберлен, докажан раскажувач на неверојатни
приказни, ги држи читателите во неизвесност со
приказна што ги поврзува историјата и
сегашноста со романса и мистерија.
Северна Каролина 2018 година:
Поради злосторството што не го сторила, животот на
Морган Кристофер се менува целосно. Нејзиниот сон за уметничка кариера е ставен во мирување, додека еден мистериозен
посетител не ѝ даде понуда што ќе ја ослободи од затворот.
Нејзината задача е да реставрира еден стар мурал пред платото на поштата во едно мало заборавено гратче. Морган не
знае ништо за реставрација, но, очајна за да биде слободна,
таа прифаќа. Она што таа го наоѓа под слоевите од нечистотија
е слика што раскажува приказна за лудилото, насилството,
заговорот и тајните на тоа мало гратче.
Северна Каролина, 1940 година:
Ана Дејл, уметник од Њу Џерси, победи на националниот натпревар за сликање мурал за поштата во Идентон,
Северна Каролина. Поради големата потреба од работа, таа
прифаќа да го слика муралот. Но, она што таа не го очекува
е дека ќе се најде во град каде што предрасудите се преголеми, каде што луѓето кријат тајни зад затворени врати и
каде што цената за различноста може да заврши со убиство.
Што се случи со Ана Дејл? Дали трагите се кријат
во насликаниот мурал? Може ли Морган да ги надмине
сопствените демони за да ги открие големите лаги?
„Роман за уметноста и тајните… беспрекорно
раскажан… со шокантен крај.“ – „Пипл”

Година на издавање

2021

Автор

Дијана Чејмберлен