ВДАХНОВЕНИЕто го разбуди
ПИСАТЕЛОТ и
УМЕТНИКОТ во мене,
МУЗИКА додека создавав на
СТАРОТО ПИЈАНО,
а МИСТЕР ГАРСОН заедно со
МИСТЕРИОЗНИТЕ ПАТНИЦИ слушаа и пиеа
КАФЕНЦЕ, додека еден
КОЦКАР се гледаше во
ОГЛЕДАЛО и го здогледа
СЛЕПИОТ ПАТНИК со
МАЧЈИ ОЧИ…
Toj рече: БАКНЕЖот ќе ти открие ШТО Е ТОА ЉУБОВ, а
ЉУБОВТА НЕ БАРА НИШТО,
но ЉУБОВЕН СЈАЈ нема
БЕЗ НЕА, без таа
ЖЕНА поради која истече
ВИНО, ЉУБОВ, КРВ и сѐ се претвори во
ИЛУЗИЈА, во
ИЛУЗИЈА на
ВИНО И СТРАСТ,
тие РАЗМИНАТИ СТРАСТИ беа
ВИСТИНА И НАДЕЖ, беа
НЕЗАБОРАВ…
Таа САБОТА
МИСЛЕВ дека
КАКО НЕКОГАШ ќе бидеш
СТРАНЕЦ во тој
САМРАК и
ЃАВОЛСКА ИГРА ќе играш како
ДЕМОНОТ ВО БЕЛ КОСТУМ…