Позајмени сништа

300 ден.

Категории:

Му должиш на детето во тебе да се бориш за неговите соништа, му вети, се сеќаваш?

Понекогаш посакувам да се вратам во минато­то, но не за да ги променам работите, туку да ги почув­ству­вам по втор пат.
Верзијата од него што таа ја креираше во неј­зи­ни­от ум, не е негова одговорност.
Тејлор ја уништи бајката во која Еден живееше со години. Егоистичен, брутален, но никогаш доволно ис­крен за постапките кои мораше да ги направи шест го­дини претходно.
Сè уште ја посакува, а таа е крајно недостижна. Не­говиот ноќен живот и забавите не се некое ветување за созреана личност. Кој ќе биде „тригерот“ да го на­те­ра да застане на сопствени нозе?
И тогаш сонот се заплеткува со реалноста. Се­ко­ја вечер продолжува каде што застанал.

Дали ја имаме таа моќ да управуваме со него или тој е дел од мислите што го окупираат нашето секојдневjе? Што кога и двајцата се присутни во истиот сон и свесно одговорни за секоја постапка која ја преземаат?