Реики е метод на традиционална медицина што е легализирана, одобрена со подзаконски акт што е потпишан од Министерството на здравство на Република Македонија, и ја смести во средства за унапредување на здравје и рехабилитација.
Книгата Реики се фокусира на основни концепти, како и практични упатства за примената на Реики, како древна метода која помага за физичко, емоционално и духовно здравје.
Дадени се техники за унапредување на здравјето кои се базират на вештините за канализирање на Универзална Животната енергија преку полагање на рацете на телото, како едноставна и природна процедура која е и основа на Реики, која има за цел да го зголеми капацитетот на виталната енергија, и да го забрза целокупното заздравување на организмот, но исто така и да се подобри квалитетот на животот.
Се прикажува и духовната страна на Реики, како и начините на кои таа може да ја подобри целокупната благосостојба на човекот.