Погледни внатре

ОДМАЗДАТА НА ТУДОРИТЕ

550 ден.

Категории:

Елизабета е конечно на престолот.
Очајна од ситуацијата таа го повикува својот
најверен шпион да ù помогне со царството
западнато во хаос, сплетки и заговори.

Лондон, 1558 година. Кралицата, таканаречената Крва-
вата Мери е мртва, а на тронот се искачува дваесетипетгодиш-
ната Елизабета. Протераниот Брендон Прескот е повикан од
страна на младата кралица да се врати во кралството. Обидот
за труење на Елизабета го засенува нејзиното крунисување,
но пред Брендон да го истражи, Елизабет го повикува насамо
за да го испрати на многу подоверлива мисија: да ја пронајде
нејзината најверна соработничка, Леди Пери, која исчезнала
за време на посетата на семејниот имот во Јоркшир.

Мистеријата околу Леди Пери се продлабочува а Брен-
дон почнува да сфаќа дека во Дворецот на кралицата се
случува многу повеќе отколку што се гледа, но колку повеќе
се приближува до откривањето на мистеријата, толку повеќе
се одалечува од можноста за обелоденување на вистината,
која пак може да доведе до уништување на Елизабета.

Од интригите во Вајтхол до смртоносното подземје
на Лондон, Брендон е во трка со времето за да ја открие
одмаздата што може да го разоткрие неговото закопано
минато и да сруши сè за што досега се борел, вклучително
и неговата лојалност кон саканата кралица.