Задна корица
Види внатре

Незадоволна

350 ден.

Има залиха

Со нас добиваш повеќе! Регистрирај се во клубот на читатели на нашиот сајт и добиј 10% Cashback (поврат на средства) како Shopping Points (поени за пазарење) што можеш да ги искористиш за идни пазарења на сајтот.
Купи ја оваа книга и добиј 35 поени!

„Ова не треба да биде вака, ова треба да биде поинаку“, зборува некој глас во мене.

„Ова не е доволно, од ова треба да има повеќе“, друг глас ми шепоти.

„Гледаш ли колку нешта ти недостасуваат?“, повторно слушам глас.

„Ќе изменам сѐ. Престанете да ме прогонувате, престанете да ме мачите“, им ветувам.

Трчам во круг, ги туркам сите нешта по пат, ги туркам сите луѓе.

Не застанувам, продолжувам да трчам. „Патот ми е чист, нема ништо и не гледам никој. Каде е крајот? Остана ли уште нешто?“, од умор едвај зборувам.

„Остана“, ми се смеат гласовите.

„Што е тоа? Кажете ми, каде е крајот?“, ги прашувам.

„Остана уште да се измениш ти“, не престануваат да се кикотат.

„Тоа ли е крајот?“, им велам.

„Крајот не постои. Тоа е почетокот“, ми се смеат.

ISBN

978-608-262-078-7

Година на издавање

2020

Страници

217

ISBN

978-608-262-078-7

Година на издавање

2020

Страници

217

Автор

Ксенија Николова