Задна корица
Види внатре

Лавовите од Петтата авенија

Original price was: 520 ден..Current price is: 390 ден..

Има залиха

Пронајди ја твојата нова љубов меѓу повеќе од 140 книги на 25% намаление! Попустот трае од 7 до 14 февруари 2025 година и е достапен во книжарниците на Култура во Скопје, како и на нашиот сајт.
Со нас добиваш повеќе! Регистрирај се во клубот на читатели на нашиот сајт и добиј 10% Cashback (поврат на средства) како Shopping Points (поени за пазарење) што можеш да ги искористиш за идни пазарења на сајтот.
Купи ја оваа книга и добиј 39 поени!
Категории ,

Една навидум безопасна ситуација може да ја доведе во прашање егзистенцијата на едно среќно семејство.

Њујорк 1913 година. Лора Лајонс има сè во животот. Сопруг, кој е управник на Јавната библиотека во Њујорк, две прекрасни деца, стан над големата зграда на библиотеката. Но Лора сака повеќе, одлучува да се пријави на престижната новинарска школа во Колумбија, сакајќи да напредува во кариерата. Во текот на студиите таа се запознава со радикалниот „Феминистички клуб“, група која ги охрабрува жените гласно да ги споделуваат мислењата за правото на глас, контролата на раѓањето и правата на жените. Станувајќи дел од оваа група Лора почнува да ја менува својата традиционална улога на сопруга и мајка. Но, кога ќе се случи кражба на многу вредни книги во библиотеката, заканувајќи се да го растурат нејзиниот дом и институцијата што ја сака, таа е принудена да се одлучи кои се нејзините моментални приоритети… бидејќи едноставно може да изгуби сè што има стекнато во животот.

Осумдесет години подоцна, Сејди Донован раководи со наследството на нејзината баба, познатата новинарка и есеистка Лора Лајонс и работи како главен кустос на Јавната библиотека во Њујорк. Но, работата станува кошмар кога многу ретки ракописи, белешки и книги ќе почнат да исчезнуваат. Решена да го спречи тоа и да ја спаси сопствената кариера, Сејди најмува приватен детектив за да го открие сторителот. Меѓутоа, работите стануваат неочекувано лични кога истрагата ќе ја доведе Сејди до некои несакани вистини за сопственото семејно наследство – вистини кои фрлаат нова светлина врз најголемата трагедија во историјата на библиотеката.

ISBN

978-608-262-179-1

Година на издавање

2024

Страници

420

ISBN

978-608-262-179-1

Година на издавање

2024

Страници

420

Автор

Фиона Дејвис

Издавач

Култура