Реалноста многу често не е онаква каква што ние си ја замислуваме. Понекогаш вреди да се ризикува.
По раскинувањето на долгогодишната врска, Беа Армстронг го избегнува своето семејство и нивното неизбежно „нели ти реков“. Но Божиќ се наближува и таа мора да се појави дома. А како шлаг на тортата, на гости, е поканет и неподносливиот Хенри Ферфакс – за кој нејзините родители отсекогаш сакале таа да се омажи. Беа добива понуда за работа од соништата, но има неколку ситни проблеми… Интервјуто е во Шкотска, Беа нема автомобил, а надвор почнува да паѓа снег. Единственото решение е да ја вози Хенри.
Дали овој Божиќ можеше да биде полош…