„Сведоштва од претседателскиот кабинет“

На 20 ноември 2019 г., во хотел Double Tree by Hilton, беше промовирана монографско-мемоарската публикација „Сведоштва од претседателскиот кабинет: моќта на трпението“ од Дарко Костадиновски. Публикацијата е издадена во две независни книги, на македонски и англиски јазик.
Авторот Костадиновски, кој во моментов е уставен судија, додека работел во Претседателскиот кабинет ги забележувал сите настани и случувања од три претседателски кабинети, и тоа од кабинетот на претседателот Трајковски, Црвенковски и Иванов. Во монографијата се истакнати познати и непознати факти за јавноста.
На промоцијата, покрај гостите од домашната политичка сцена, претседателот Иванов и поранешната прва дама г-ѓа Вилма Трајковска, беа присутни и дел од дипломатскиот кор. Во официјалниот дел свое обраќање имаа францускиот амбасадор Тимоние, како и еден од спонзорите г.Есер Џевахир. Беа прочитани поздравни писма од италијанскиот амбасадор Ромео, претставникот на ЕУ Жбогар, и еден од главните помагатели Рошван Мурадов.
Изданието „Сведоштва од претседателскиот кабинет: моќта на трпението“ претставува своевиеден монумент на поновата историја и значајно наследство за идните генерации.

Промовирана „Слова и согледби за Блаже Конески“

21/11/2019

Напишете коментар