Промовирана „Слова и согледби за Блаже Конески“

Денес, 9 октомври 2019 г., во спомен-домот „Блаже Конески“ беше промовирана книгата „Слова и согледби за Блаже Конески“ од проф. д-р Димитар Пандев.
Професорот Пандев со својата ненадминлива вештина во богатото изразување и моќта за трансформација на архаичноста во современиот македонски јазик создал книга-споменик. Токму и спомен-домот „Блаже Конески“ во Небрегово беше најсоодветното место за промоција.
Книгата е во продажба во книжарница Култура. На читателите останува да се насладуваат со јазичната моќ која се прелева на секоја следна страница.

Дојде време да го обновам познанството со Конески, исто онака како што Конески го обновувал познанството, прво со Марко Цепенков, па со Јоаким Крчовски и најнакрај, со Тиквешкиот зборник, сѐ со една единствена цел – да ја спушти границата на македонската приказна, или очудувачки да се сретне со првообрасците на македонскиот расказ, во вистинска смисла на зборот, и да го оддели од другите форми, имено, да ја оддели приказната – онаа народната…      
                …лингвистот го набљудува во јазикот и она што увото не го слуша, а го лови на подлабоко рамниште, на побогато созвучје, а филологот се загледува во тајните на текстот што обичниот читател не ги вчитува, а ги осознава на националниот фон на литературата.                                                                                                                                                                                                                            Димитар Пандев

Која е Лукреција Борџија?

09/10/2019

„Сведоштва од претседателскиот кабинет“

09/10/2019

Напишете коментар