ПОВТОРНО ВО ПРОДАЖБА „Никаде без ќерка ми“ од Бети Махмуди со Вилијам Хофер

Филмуваната вистинска приказна за борбата на една мајка за своето дете повторно е на полиците #ВоСветотНаКнигите. По барање на читателите второ издание на „Никаде без ќерка ми“! 

„Никаде без ќерка ми“ е автентична приказна за љубовта, за личната драма, за траумите и за понижувањата на една современа Американка.
По неуспешниот брак, Бети се вљубува во штотуку дипломиран лекар – Иранец. Љубовната идила по две-три години завршува со брак, а по извесно време брачниот пар одлучува да го посети Иран, заедно со својата тригодишна ќерка. Иако Бети се плаши дека нема да се врати оттаму, сепак одлучува да го придружува својот сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се случуваат крупни политички промени, односно, кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран станува Исламска Република. Нејзините стравувања многу брзо стануваат реалност. Бети со својата ќерка станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг. По низа драматични случувања, таа успева да избега од Техеран со својата ќерка и да дојде во САД. Никаде без ќерка ми е книга за бескрајната мајчинска љубов и за издржливоста, но и за муслиманскиот фанатизам, како и за судирот помеѓу западната култура и културата на исламските државни уредувања.

Претставување на „8/4” од Сашо Димоски

27/08/2020

Напишете коментар