Подари љубов, подари вредност, подари книга

Книгата отвора безброј универзуми!
За една книга да заживее потребно е да биде прочитана, затоа и Култура во период од речиси 1000 денови подаруваше книги. За да се подигне читателската свест и да се рашири културата на читање, потребно е книгите да се читаат.
Во проектот Подари љубов, подари вредност, подари книга, кој Култура го реализираше во периодот септември 2016 – април 2019, подарени се безмалку 1500 книги. Книгите се дарувани на читатели, организации, библиотеки, магазини, читателски групи итн. Култура – Во светот на книгите несебично го ширеше пишаниот збор меѓу широката народна маса. Се надеваме дека израдувавме многу читателчиња и читатели, дека придонесовме за зголемување на читателската навика. Им благодариме на сите што ги споделуваа објавите за подарок книга!
#ЧитамКнига #ВоСветотНаКнигите 

Катерина Медичи, владетелката која го промени текот на француската историја

23/04/2019

Напишете коментар