Која била Изабела од Кастилија? Главниот лик во „Заветот на кралицата“ од К.В.Гортнер

Секој што ќе се нафати да истражува за Изабела од Кастилија (попозната кај пошироката публика како Изабела) ќе биде истовремено фасциниран и соочен со предизвик. Изабела ѝ пркоси на секоја категоризација, со својот хероизам и противречности – достојна за восхит во својата одлучност да создаде обединета нација, таа честопати била во заблуда во својата посветеност кон својата вера, што придонело за озлогласениот систем на прогонство познат како шпанската инквизиција.
Владеењето на Изабела ги поставило темелите на империја која ќе прерасне во огромна сила под нејзиниот внук Карло V и ќе го достигне својот зенит за време на нејзиниот правнук Филип II. Статутите и законите кои ги имплементирала за време на своето владеење, универзитетите кои помогнала да се основаат, на кои на првите женски учители во Шпанија им било дозволено да предаваат, многуте катедрали и манастири кои ги возобновила и биле под нејзино покровителство, мрачната страна на фанатизмот на светата црква – сето ова е дел од нејзиното наследство. Нејзиното влијание врз Шпанија било толку големо што нејзината ера станала синоним за слава: Ерата на Изабела, чии остатоци сѐ уште можат да се посведочат во зачуваните примери од уметноста, музиката, архитектурата и почетоците на литературата која процутела за време на нејзиното владеење.
Од Изабела никогаш не се очекувало да стане кралица која ќе владее – таа наследила осиромашена, расцепкана и длабоко поделена земја, ничкосана од алчни благородници и неспособни кралеви. Заедно со нејзиниот подеднакво спо432
собен сопруг, Фернандо од Арагон, таа оформила современа ренесансна држава подготвена да го заземе своето место на светската сцена. Покрај тоа, таа била доволно голем визионер за да поверува во тврдењата на релативно непознат навигатор од Џенова, што довело до откривање на таканаречениот Нов свет, збогатувајќи ги знаењата на Европејците за земји далеку од нивната татковина.
Иако се изминати повеќе векови од нејзината предвремена смрт на возраст од педесет и три години, Изабела и понатаму продолжува да предизвикува и восхит и презир. За некои, таа е кралица која ја заслужува секоја пофалба, која успеала, наспроти сите пречки, да седне на престолот и да ја однесе Шпанија до победа. За други, таа ќе остане ограничен фанатик, одговорен за бранот на прогонства и уништувањето на илјадници Евреи, смртта на нејзините поданици и пљачкосувањето на Америка.

Нов наслов во светот на книгите „Животната приказна на Цилка“ од Хедер Морис

12/06/2020

Разговор со К. В. Гортнер за „Заветот на кралицата“

12/06/2020

Напишете коментар