Погледни внатре

Жената во белото кимоно

450 ден.

Има залиха

Разделени со океани и неколку децении, две жени се неразделно поврзани со тајните меѓу нив.
Инспирирана од вистинита приказна, Жената во белото кимоно открива прекрасен портрет на две жени:
едната растргната помеѓу културата на својот народ и своето срце, и другата, која е на пат да го открие вистинското значење на домот.
Јапонија, 1957 година. Договорениот брак на седумнаесетгодишната Наоко со синот на деловниот соработник на нејзиниот татко ќе го обезбеди статусот на нејзиното семејство во нивната традиционална јапонска заедница. Но, таа се вљубува во друг маж – американски морнар – и ако се омажи со него, ќе донесе голем срам за целото семејство. Кога се дознава дека Наоко носи дете од морнарот, таа е на немилост и е принудена да направи незамисливи избори со последици што ќе влијаат на следните генерации.
Америка, денешен ден. Тори Ковач, грижејќи се за својот татко кој умира, наоѓа писмо во кое има шокантно откритие – од кое се доведува во прашање сè што знае за своето семејство и за самата себе. Започнувајќи да ја дознава вистината која ѝ ја открива писмото, Тори заминува на пат во едно оддалечено приморско село во Јапонија, каде што мора да се спротивстави на демоните од минатото за да ја спаси сопствената иднина.

Формат

13,5 х 20 см.

ISBN

978-608-262-048-0

Страници

400

Година на издавање

2019

Автор

Ана Џонс

Издавач

Култура