Погледни внатре

Ти подарувам ѕвезди

490 ден.

Има залиха

Категории: , ,

Инспириран од една неверојатна вистинска приказна, „Ти подарувам ѕвезди“ е роман за пет неверојатни жени кои ќе ја реализираат својата мисија и ќе ја демонстрираат моќта на пишаниот збор. Книги, слобода, пријателство… живот кој ја претставува жената во вистинска светлина.
Алис Рајт ќе стапи во брак со згодниот Американец Бенет Ван Клив со надеж дека ќе избега од својот задушувачки живот во Англија. Но, малиот град Кентаки брзо ќе се докаже подеднакво клаустрофобичен. Па така, кога ќе слушне за новата патувачка библиотека на Еленор Рузвелт составена од неколку жени, Алис со воодушевување ќе се пријави.
Она што им се случува ќе стане незаборавна драма полна со лојалност, правда, хуманост и страст. Овие херојски жени одбиваат да бидат управувани од мажи или од конвенции. И покрај тоа, тие се соочуваат со секакви опасности во пејзажот што понекогаш е прекрасен, но и брутален, тие се посветени на својата работа: носење книги на луѓе кои никогаш не читале, вооружувајќи ги со информации што ќе им го променат животот.
Овој роман е смешен, мил, привлечен, предодреден да стане модерна класика. Наградуван роман за женското пријателство, вистинската љубов и за она што се случува кога ќе успееме да ги достигнеме ѕвездите.

Формат

13,5 х 20 см.

ISBN

978-608-262-050-3

Страници

554

Година на издавање

2019

Автор

Џоџо Мојес

Издавач

Култура