Погледни внатре

СКРШЕНИ КРИЛЈА

350 ден.

Понекогаш се запрашувам себеси, дали ако ова се случуваше во наше време, судбината ќе беше поинаква?

Но, годината е 1989, а психолошките растројства се тотална енигма.

Навидум совршено семејство, со големи планови и соништа за животот, како кула од карти почнува да се распаѓа, да тоне, но кого би обвиниле за тоа?

Матео е момче кое во најубавите години е повикан да ѝ служи на војната, а од таму го враќаат како половичен човек без душа во себе.

Викторија е девојка која означува антоним за сето она што допрва ќе ѝ носи животот, девојка со име на победа, а целиот живот ќе губи.

Даскалови се угледно семејство кое вложува напори да го сочува мирот, достоинството и најблиските, семејството кое секогаш го славело животот.

Но, понекогаш судбината има поголема моќ, без разлика колку човек се труди да ѝ пркоси.

Чија вина е сето ова? Дали можеме да обвиниме некого за скршените сништа и пропаѓањето на едно угледно семејство?