Back Cover
Види повеќе

Синот на свештеникот

100 ден.

Категории:

Најновото прозно остварување од поетот Ристо Ѓ. Јачев насловено како „Синот на свештеникот“ претствавува вечен сон на еден изневерен или поточно кажано излажан човек кој постојано го сонува тоа што му се случувало и му се случува со единствена верба дека човековото присуство на земјава остава трага.

„Синот на свештеникот“ е роман од и за новата македонска историја од времето на Граѓанската војна во Егејскиот дел на Македонија, по војната во Народна Федеративна Југославија кога протераните Mакедонци од својата грутка во новата татковина како скитници и питачи, како низ мрачен тунел, го минуваат животот во таги и стрaдaња заклучно до војната во 2001 година и неколку месеци по неа, во самостојна Република Македонија, по која, главниот јунак по враќањето дома, на родното огниште, исчезнува.

Година на издавање

2012

ISBN

978-9989-32-682-0

Странци

256

Автор

Ристо Јачев

Издавач

Култура