Задна корица
Види внатре

Сенишни светла, готика, фантастика, раскази

300 ден.

Има залиха

Пронајди ја твојата нова љубов меѓу повеќе од 140 книги на 25% намаление! Попустот трае од 7 до 14 февруари 2025 година и е достапен во книжарниците на Култура во Скопје, како и на нашиот сајт.
Со нас добиваш повеќе! Регистрирај се во клубот на читатели на нашиот сајт и добиј 10% Cashback (поврат на средства) како Shopping Points (поени за пазарење) што можеш да ги искористиш за идни пазарења на сајтот.
Купи ја оваа книга и добиј 30 поени!

Од каде доаѓаат сенишните светла што ги обвиткуваат натприродните настани во таинствените соби на фантастичните раскази?

Марија Гиревска го покажува патот по кој тие пристигнале, водејќи нѐ кон подземните ходници на готскиот роман. Онаа „млада дама во неволја“ што избезумено трага низ мрачното подземје на готскиот замок е несомнено во роднински врски со ужаснатиот поединец кој, во една осамена куќа, некаде во самрачната пустелија каде што нема кој да му помогне, ги слуша – без да има сили да се даде во бегство – тешките чекори на пеколниот посетител кој доаѓа токму во часот што уште одамна неумоливо е закажан. Помеѓу визбите и лагамите на готскиот замок и полутемните соби на фантастичниот расказ, покажува и докажува Марија Гиревска, постојат тајни премини.

Година на издавање

2017

ISBN

978-9989-32-933-3

Страници

454

Година на издавање

2017

ISBN

978-9989-32-933-3

Страници

454

Автор

Марија Гиревска

Издавач

Култура