Сè започна со само една мала лага.
Но никогаш не завршува тука.
Eдна лага води кон друга…Растејќи, Џејн и Марни споделуваа сè. Тие си ги знаеја своите најдлабоки тајни. Но, кога Марни се заљуби, работите почнаа да се менуваат.Џејн криеше една голема тајна. Таа го мразеше богатиот, необичен сопруг на Марни. На крајот на краиштата, дури и најдобрите пријатели имаат право да чуваат некои работи за себе. Да беше искрена, сопругот на нејзината најдобра пријателка можеби и денес ќе беше жив…Tоа не беше последната лага. Всушност, тоа беше само почеток.
Романот „Седум лаги“ е исповедта на Џејн за вистината, нејзината вистина. Привлечно, софистицирано, застрашувачко, заводливо четиво со хипнотички пресврти на настаните, заплеткани приказни, токсични пријателства меѓу жените, мрачно подрачје на опсесијата и она што можеме да го изгубиме во името на љубовта.
ISBN | 978-608-262-076-3 |
---|---|
Година на издавање | 2020 |
Автор |
Елизабет Кеј |
Издавач |
Култура |