Back Cover
Види повеќе

Ноќта кога ја напуштив Прага

350 ден.

Напуштајќи го нејзиниот роден град, Ингрид со себе го зема само нејзиниот син, знаејќи дека тоа е единственото нешто кое ѝ преостанало. Додека ги собира спомените од нејзиното минато кои ѝ го гребат срцето, налетува на човек кој го разбранува и најмалото парче љубов што останало во неа. Гледајќи да направи сѐ за иднината на нејзиниот син, Ингрид е подготвена да го прегази и споменот на нејзиниот починат сопруг.
Во пресрет на новата љубов и катастрофата која го зафаќа светот, Првата светска војна, освен во историјата, ќе стави точка и на кулминацијата во нејзиниот живот.

Приказна од времето на аргатувањето, истрелите на куршумите и жртвите што ги носи војната со себе, па сѐ до времето на создавањето на Чехословачката Република и влијанието на Коко Шанел во борбата на жената за нејзините човечки права. Ова е приказна за една мајка која се бори за нејзиниот син, за нејзината љубов, што го добива заслуженото место на страниците во една од илјадниците приказни кои се незапишани низ историјата на политиката и злото, модата и џезот, аргатлукот и аристократијата, и љубовта како жртва на светскиот крвав хаос.

Формат

13,5 х 20 см.

ISBN

978-608-262-014-5

Странци

228

Година на издавање

2019

Автор

Јован Илиески

Издавач

Култура